Гвардиола: Се уште не сме подготвени за Лигата на шампионите

by
1 минути читање

Англискиот првак
Манчестер Сити доби противници по мерка во групната фаза од Лигата на
шампионите, стартуваше со две победи, славеше над Шахтер и Динамо Загреб, а
утревечер на домашен терен го пречекува тимот на Аталанта.

„Граѓаните“
атакуваат на третата титула во низа во Премиерлигата, меѓутоа во клубот не
кријат дека имаат одредени амбиции во Лигата на шампионите, нешто што нивниот
тренер верува дека не може да се исполни оваа сезона.

Луѓето постојано
говорат за тоа дека имаме цел во Лигата на шампионите, ние се уште не сме
подготвени за такво нешто
“ вели Гвардиола.

Ние креираме
многу шанси, не примаме многу голови, меѓутоа можеме да се подобриме и повеќе
во играта, постигнавме многу изминатите две сезони и немам никакви сомневања
околу тие резултати, меѓутоа мораме да продолжиме и понатаму со работа на тоа

додаде Гвардиола.

Како за
потсетување, во ланската сезона Манчестер Сити во Лигата на шампионите беше
елиминиран од Тотнем во четвртфиналето, и тоа поради предноста со гостински
голови на противникот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани