Гвардиола се надева дека Халанд нема да лудува во Марбеља: Ако не пие и не јаде многу…

by
1 минути читање

Ерлинг Халанд
игра во страшна форма на почетокот од оваа сезона, веќе има 17 погодоци во Премиерлигата
на 11 натпревари, и доколку продолжи во вакво темпо, ќе сруши еден куп рекорди.

Норвешка нема да
биде дел од мундијалот во Катар, па Ерлинг Халанд ќе има одмор од два месеци
пред стартот на вториот дел од сезоната, но и доста слободно време и простор за
опуштање.

„Колку ќе биде
добар во вториот дел од сезоната ќе зависи од тоа како ќе се однесува во Марбеља“

– вели Пеп Гвардиола.

„Халанд има куќа
во Марбеља и сигурно дека добар дел од времето ќе го помине таму. Ќе игра голф,
се надевам нема да пие и јаде многу и ќе се врати во добра форма“.

Тренерот на Сити
потоа ја фалеше работната етика на напаѓчот: „Тој e еден од првите кои доаѓаат на
тренинг, и еден од последните кои си одат. Перфектно се грижи за своето тело“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×