По одличната сезона во Борусија Дортмунд, Санчо е подготвен да се врати во Премиерлигата. Тој е од академијата на Манчестер Сити, а во 2017 го напушти англискиот клуб во потрага по поголема минутажа.
Сега се поврзува и со враќање во Сити, но Гвардиола отфрли една таква можност.
„Не, не, не“, децидно одговори Пеп Гвардиола на прашањето дали е можно Санчо да се врати во Сити.
„Тој одлучи да замине, зошто сега би одлучил да се врати? Ние сакавме тој да остане како Ерик Гарсија и Фил Фоден. Тој одлучи да биде како Лирој Сане што е сега“.
„Тој не сакаше да биде тука. Одлучи дека подобро за него е да оди во Борусија Дортмунд. Па нема смисла сега да сака да се врати“.
Лирој Сане наскоро треба да потпише за Баерн Минхен, неговиот трансфер е веќе договорен, остануваат формалности за да биде комплетиран.
„Се случува и во другите клубови со значајни фудбалери кои сакаат да си одат. Тие не сакаат да бидат тука, тоа беше случај и со Санчо и со Сане. Осоебно со Сане, бидејќи Џејдон беше во академијата“.
„Не можеме да направиме ништо како клуб кога фудбалерот не сака да остане, кога сака да замине. Во таков случај не го добивате најдоброто од играчот бидејќи тие не се среќни тука“.