Аргентинецот на
последните два натпревар ја грее клупата, а шанса во првиот тим доби
јануарското засилугање Габриел Жесус.
Младиот Бразилец
ја искористи приликата која му се укажа и постигна три погодоци, па се говори
дека Пеп Гвардиола и понатаму ќе игра со Габриел Жесус во првиот тим.
Ваквиот развој на
настаните става знак прашалник врз долгорочната иднина на Кун Агуеро и веќе се
говори за негово заминување од Етихад Стадионот.
„Би сакал Кун
Агуеро да остане” –
вели менаџерот Пеп Гвардиола. „Но не знам што ќе се случи”.
„Дури и за самиот
себе никогаш не сум знаел што ќе се случи по крајот на сезоната”.
„Ќе видиме како ќе се одвиваат работите летоска. Знам колку е тешко да се најде топ голгетер”.
Доколку Кун
Агуеро замине од Манчестер Сити, медиумите пишуваат дека играчот ќе има голем
број на понуди, се шпекулира дека ПСЖ, Интер, Милан, Барселона и Реал Мадрид ја
следат неговата ситуација.