Гвардиола сака да го купи Гвардиол, Лајпциг не го дава

by
1 минути читање

Пеп Гвардиола сака во своите редови да го донесе хрватскиот репрезентативец, Јошко Гвардиол. Манчестер Сити бил подготвен да плати 80 милиони евра, но одговорот од Лајпциг бил негативен.

Во германскиот клуб сметаат дека цената на Гвардиол ќе оди нагоре по неговиот настап на Светското првенство во Катар, па ќе можат во јануари или следното лето да го продадат и поскапо.

Претходно Челси достави понуда од 40 милиони евра плус Тимо Вернер, но и таа понуда беше одбиена.

Ситуацијата будно ја следи и Динамо Загреб кој има 20 проценти од трансферот на Гвардиола. Тие минатото лето му го продадоа на Лајпциг за 18,8 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани