Гвардиола пред дуелот со Реал: Од момче задолжено за топки во Барселона, видете до каде стигнав!

by
1 минути читање

Вечерва
продолжуваат возбудувањата во Лигата на шампиони, а Реал Мадрид против
Манчестер Сити е натпреварот кој привлекува големо внимание.

Пеп Гвардиола на
средбата со новинарите беше запрашан за ДНК-то на Барселона, откако во
четвртфиналето се најдоа дури четворица тренери кои имале некакво минато со
„каталонците“ (Пеп Гвардиола, Чави, Микел Артета и Луис Енрике).

„За мене, Барселона
има големо влијание врз моето оформување како тренер, би рекол фундаментално. Почнав како момче задолжено за топки во Барса кога имав 13 години и видете до каде стигнав“

вели Пеп Гвардиола, кој важи за еден од најдобрите, ако не и најдобриот тренер
на денешницата.

„Но се имам и
променето со искуството кое го стекнав низ годините во најразличните земји и
првенства во кои работев“.

За новата
пресметка со Реал Мадрид, тој додава: „Пред две години, Реал Мадрид не
елиминираше, минатата сезона ние ги елиминиравме. Натпреварите меѓу нас и нив
стануваат класици“.

„Но ова ќе биде
една сосема поинаква битка, двата тима имаат доста нови играчи“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×