Гвардиола откри зошто Халанд не играл против Њукасл и порача: Не сакам да трошиме сила во Лига Купот!

by
1 минути читање

Њукасл синоќа славеше со 1-0 против Манчестер Сити и ги елиминираше „граѓаните“ во во 3. коло во Лига Купот.

И покрај тоа што беше во негатива, Пеп Гвардиола финишот од мечот го одигра без класичен напаѓач, откако го повлече Хулиан Алварез од игра, и на негово место го стави Фил Фоден.

Стратегот на располагање го имаше и Ерлинг Халанд, но Норвежанецот остана на клупата и не одигра ниту една минута.

„Халанд веќе одигра многу минути, исто како и Вокер. Имаме многу натпревари пред нас. Размислував да го пуштам во последните 10-15 минути, но на крајот решив да не го правам тоа“ – вели тренерот на Сити.

„Постигнуваме многу погодоци и без напаѓач, но Њукасл е врвна екипа, со солидна одбрана и вечерва не ни беше лесно“.

„Во Лига Купот обично пуштам во игра фудбалери кои не играат многу. Доколку поминеме, поминеме. Ако стигнеме до полуфинале, да тогаш можеби размислуваме за посериозен пристап и намера да го освоиме трофејот“.

„Не сакам да трошиме сила и енергија во оваа фаза од Лига Купот“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани