Гвардиола: Октомври е, зошто да го отпишувам Ливерпул од трката за титулата?

by
1 минути читање

Во досегашниот дел од сезоната, Манчестер Сити од девет меча има 23 бодови, додека Ливерпул е на 11. место со 13 бодови помалку, но и еден натпревар помалку.

И покрај големата разлика, Гвардиола го сместува Ливерпул во кандидатите за титулата.

„Главен ривал? Има неколку. Арсенал е таму. Долго време тие не беа, но беа трпеливи со Артета, клубот се промени и тие сега се кандидати за титулата. Тотнем е таму, Челси и Ливерпул“, вели Пеп.

„Секогаш го гледам Ливерпул како кандидат. Зошто да го игнорирам Ливерпул сега, октомври е? Октомври е и секој се труди да биде шампион“.

„Реалноста е дека Манчестер Сити во изминатите години дојде на врвот, со Ливерпул, Јунајтед и останатите тимови и сака да остане тука“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×