Гвардиола одби да се ракува со еден играч на Кристал Палас, еве што се случуваше (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола одби да се ракува со голманот на Кристал Палас, Дин Хендерсон, предводникот на „граѓаните“ не сакаше да има ништо со чуварот на мрежата поради тоа што задржувал време.

Манчестер Сити ја заокружи лошата сезона со пораз на Вембли во финалето на ФА Купот, Кристал Палас го изненади фаворитот и стигна до својот прв трофеј во 119 години историја.

По крајот на натпреварот, Пеп Гвардиола тргна да им честита на противниците, но тренерот на „граѓаните“ одби да му подаде рака на Дин Хендерсон.

Во разговор со медиумите, голманот откри дека Пеп Гвардиола се налутил поради тоа што задржувал време.

„Јас сакав само да се ракуваме, а тој беше разочаран поради тоа што сум задржувал време“ – вели Дин Хендерсон.

„Му кажав, „Си доби 10 минути продолжение, што сакаше повеќе?““

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани