Гвардиола нема почит за Арсенал надвор од теренот

by
1 минути читање

Арсенал го исфрли Манчестер Сити од ФА Купот и се пласира во финалето, Пеп Гвардиола беше фрустриран за време на мечот, а не е расположен ниту сега.

Се верува дека Арсенал и уште неколку клубови негодувале на одлуката на Судот за спортска арбитража да му ја укине казната на Манчестер Сити кој имаше забрана за настап во Лигата на шампионите. 

А се верува дека Пеп е и фрустриран од начинот на кој Арсенал му го зема Артета.

„Противниците секогаш заслужуваат почит, и Арсенал ја има мојата почит, но само за тоа што го прави на теренот, а не за тоа надвор од теренот“, вели Пеп Гвардиола.

„Па им честитам и им посакувам среќа во финалето против Челси“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×