Се верува дека во договорот на Халанд има откупна клаузула која ќе се активира за две години, а има и посебна за Реал Мадрид со поповолни услови бидејќи желба на фудбалерот е да игра за кралскиот клуб.
Пеп Гвардиола ги негира таквите гласини и вели дека Халанд е многу среќен во Сити.
„Нема специфична клаузула за Ерлинг Халанд да се пресели во Реал Мадрид, тоа не е точно“, вели Гвардиола.
„Имам чувство дека тој е пресреќен во Манчестер Сити“.
Халанд синоќа играше едно полувреме против ФК Копенхаген во Лигата на шампионите, но постигна два гола. Досега има 19 погодоци за Манчестер Сити во сите натпреварувања.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.