Рико Луис потекнува од школата на Манчестер Сити. Оваа сезона е прекомандуван во првиот тим. Тој е бек, но синоќа играше како дефанзивен фудбалер од средниот ред. Одигра 90 минути.
„Каков играч. Како играч. Има 18 години. Јас сум тренер 15 години, сум тренирал неверојатни фудбалери, но да најдам играч како него… како се движи простор… уоу. Тој е еден од најдобрите кои сум ги тренирал досега“, рече Пеп Гвардиола за младиот Луис.
Рико Луис покрај вчерашниот меч, одигра 90 минути и во поразот на Манчестер Сити на гостувањето кај Њукасл во Лига Купот. Во Премиерлигата тој влезе пред последниот судиски свиреж на мечевите против Вест Хем и Фулам, што значи дека уште немал вистинско премиерлигашко искуство.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.