Гвардиола: Не спијам со Халанд

by
1 минути читање

Очекувањата од Ерлинг Халанд се огромно, па англиските новинари сакаа да дознаат од Пеп Гвардиола како се справува фудбалерот со притисокот.

„Не спијам со него. Не сум дома со него, па не знам како се справува“, одговори Гвардиола на прашањето.

„Но од тоа што го гледам на тренинзите е дека тој беше смирен по мечот со Ливерпул и е смирен по мечот со Вест Хем“.

„Во моментот кога тој нема да дава голови, тие ќе велат дека тој можеби не е добар. Изгледа како крајот на светот да се случил. Во лоши ситуации се ќе изгледа лошо“.

„Но треба да бидете смирени во лошите моменти, најдобрите тимови остануваат позитивни и во такви ситуации“.

„Тој е топ напаѓач и ако го ставите неговото име заедно со најголемите напаѓачи на сите времиња на таа возраст колку гола постигнале, тој е најдобриот. Се уште е млад“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани