Двата ривали повторно играат во Лигата на шампионите, за разлика од лани, сега првиот дуел е на Сантијаго Бернабеу.
Пеп Гвардиола вели дека не треба да размислуваат на овој дуел како можност за одмазда, туку како уште една шанса.
„Пристигнавме тука со охрабрување. Начинот на кој играме е навистина добар. Не сме тука за одмазда, туку за уште една шанса. Еден ден ќе освоиме. Оваа сезона дојдовме тука да го направиме тоа“, вели Гвардиола.
„Пред седум години сакавме да ја освоиме Лигата на шампионите. Минатата сезона беше крај на светот, но тука сме повторно. Да се биде стабилен е најважната работа. Најважно е што ние се обидуваме да бидеме подобри секоја година. И минатата година бевме подготвени. Тука сме со ист тренер, и главно исти играчи, но комплетно различни натпревари. Разликата е што вториот меч ќе го играме дома“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.