Добитникот на Златната топка кој е исклучително важен играч за Манчестер Сити, почна со индивидуални тренинзи со топка и би можел да се врати пред крајот на сезоната.
Родри ги скина лигаментите и се предвидуваше дека за него сезоната е завршена, но опоравувањето оди подобро од очекувањата. Пеп Гвардиола вели дека тој би можел да биде подготвен за Светското клупско првенство, дури би можел и да одигра некој натпревар во Премиерлигата оваа сезона.
„Родри изгледа добро! Нема да правиме глупави одлуки се разбира, се уште не е блиску до враќање, но ја допира топката, се чувствува самоуверено и среќно“, вели Гвардиола.
„Не го очекував ова, но тој би можел да се врати пред Светското клупско првенство, дури можеби и за некои мечеви од Премиерлигата“.