Гвардиола му се налути на Халанд, врескаше по него за време на мечот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Сити водеше со 2-0, со два гола на Гундоган. Граѓаните добија пенал. Пеналите ги изведува Халанд, но тој одлучи да му даде на Гундоган да шутира за да постигне хет-трик.

Гундоган го промаши пеналот, а потоа Лидс даде гол и намали на 2-1.

Гвардиола кога виде дека Гундоган ќе шутира, почна да вреска по Халанд дека тој мора да го изведе, но тоа не се случи. Потоа пак викаше по Норвежанецот.

„Прво тој покажуваше кон Ерлинг да му каже дека е лут, а потоа се сврти кон мене. Тоа е што е. Кога Ерлинг ја зеде топката, бев сигурен дека ќе шутира, но тој ме бараше мене“, изјави Гундоган по мечот.

За среќа на Халанд и Гундоган, мечот го доби Сити, но во иднина веројатно нема да се случи тоа што се случи.

„Мечот не беше готов. Тоа покажува каков човек е Ерлинг. Ако е 4-0 на 10 минути тогаш океј. Но, на 2-0? Ерлинг е најдобар во изведувањето пенали и мора да ги изведува“, беше краток Гвардиола.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×