Пред некој ден, одговарајќи на прашања поврзани со нерегуларностите кои ги правел Манчестер Сити, Гвардиола иронично прокоментира дека можеби тие се виновни и за тоа што Џерард се лизна. Тоа се случи кога Ливерпул ја испушти титулата, а имаше убава предност пред Сити.
Сега Гвардиола му се извини на Џерард за несреќната изјава.
„Му се извинувам на Стивен Џерард за непотребните и глупави коментари минатиот пат кој ги дадов за него. Се срамам од себеси бидејќи тој не го заслужи тоа“, рече Гвардиола.
„Тој знае колку многу го почитувам него и неговата кариера. Се срамам од себеси бидејќи тој не го заслужи тоа. Не го претставив мојот клуб добро“.
„Му се извинив и приватно, но бидејќи мојот коментар беше јавен, моето извинување мора да биде и јавно исто така. Многу ми е жал за него, неговата сопруга и фамилијата“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.