Гвардиола: Минатата недела го критикуваа Халанд, сега го споредуваат со Анри, Ширер и Роналдо

by
1 минути читање

На тој меч Халанд не успеа да даде гол, пропушти неколку убави шанси од кои една речиси на празен гол од непосредна близина. Но денеска ги даде двата гола против Вест Хем во првото коло од Премиерлигата.

Пред една недела велеа дека тој не може да се прилагоди на Премиерлигата, а сега го споредуваат со Тјери Анри, Алан Ширер и Кристијано Роналдо“, вели Пеп Гвардиола.

„Тој е момче со неверојатен талент, постигнувач на голови. Го знам него еден месец. Знам како се справи со критиките оваа недела, беше смирен, тренираше навистина добро. Сега ќе видиме како ќе реагира по добиените комплименти“.

„Ми се допадна начинот на кој ја зема топката да го изведе пеналот. Мислам дека ако некој се обидеше да му ја земе топката, ќе му удреше бокс во лицето. Сигурен сум во тоа, тоа е добар знак“.

„Треба да имате самодоверба, амбициозност и вистински менталитет. И се разбира, даде гол“.

Пеп Гвардиола го извади Халанд на 15 минути пред крајот и не му даде можност да дебитира со хет-трик.

„Имав среќа да бидам тренер на Лионел Меси и кога тој ќе дадеше два гола, сакаше трет, кога ќе дадеше три гола, сакаше четврт, ако дадеше четири гола, сакаше пет“, 

„Врвните стрелци, напаѓачите, никогаш не се задоволни. Тие секогаш се гладни за голови, секогаш сакаат уште и уште“.

„Но во исто време треба да ставам нови фудбалери и на сите да им дадам минути“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани