Гвардиола: Левандовски би бил перфектно засилување за Барса, но…

by
0 минути читање

Левандовски не сака да игра веќе за Баерн Минхен иако има уште една година од договорот, сака да замине во Барселона.

Но, каталонскиот клуб се уште мака мачи со финансиите, а Баерн Минхен ќе бара обесштетување доколку реши да го продаде, па нејасно е дали Барса ќе може да си го дозволи.

„Левандовски перфектно би се вклопил во Барселона, тој би се вклопил било каде. Но, не знам дали Барса ќе може да го потпише поради нивната финансиска ситуација, и не знам дали Баерн ќе му дозволи да замине“, вели Гвардиола.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани