Гвардиола ќе потроши над 600 милиони фунти, засилување од соништата му е ѕвезда на Челси

by
2 минути читање

Шпанецот потроши
околу 450 милиони фунти откако го превзеде кормилото на Манчестер Сити, а спред
денешното издание на Телеграф, оваа бројка сигурно ќе надмине 600 милиони фунти
по крајот на летниот преоден рок.

Со цел да ја
продолжи доминацијата во Премиерлигата но и да атакува на Лигата на шампионите,
Пеп Гвардиола сака да донесе уште најмалку тројца играчи. Планот е да се донесе
дефанзивец од средниот ред, офанзивен играч кој може да игра на неколку позиции
во форот и централен одбрамбен играч.

Фред од Шахтар
подолго време се поврзува со „Граѓаните“ а Пеп Гвардиола и Сити добро внимаваа
и на Јулијан Вајгл од Борусија Дортмунд, Жоржињо од Наполи и Жан Мишел Сери од
Ница. За било кој од овие играчи е потребно најмалку 40 милиони фунти.

90 милиони фунти
вредниот Томас Лемар од Монако е една опција за офанзивата, но засилување од
сонишатата за Пеп Гвардиола е Еден Азар од Челси. Сепак тешко дека „Сините“ ќе го
продадат Белгијанецот на ривал од Премиерлигата без разлика колку пари ќе им бидат
понудени. Ако веќе Еден Азар мора да биде продаден, тој најверојатно ќе заврши
во Реал Мадрид.

Сити во јануари
не успеа да го купи Ријард Марез за 60 милиони фунти, но можно е летоска одново
да тропне на вратата на Алжирецот.

Централен
одбрамбен играч е најмал приоритет во однос на другите две засилувања. Се
следат неколку фудбалери помеѓу кои и Тоби Алдервирелд, кој може да биде
достапен за прилично малку пари со оглед дека е во војна со Тотенхем околку
новиот договор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани