Гвардиола ја потцени Црвена звезда, најави дека ќе игра со втор тим

by
1 минути читање

Утре со почеток од 21 часот, Манчестер Сити ја пречекува Црвена звезда во натпревар од Лигата на шампионите. Пеп Гвардиола за овој меч нема да смета на дел од своите најдобри фудбалери.

„Ќе има натпревари на кои ќе треба да играме со играчи од вториот тим, бидејќи не смееме да ризикуваме со повреди на главните играчи. Кевин де Брујне и Џон Стоунс се уште се повредени, а уште не знам што се случува со Ковачиќ и Грилиш. Не знам колку време ќе биде надвор од тимот. Мислам дека нема да биде подготвен за Црвена звезда, ќе видиме повеќе, чекор по чекор“, вели Гвардиола.

Тој изрази задоволство што ги задржа Кајл Вокер и Бернардо Силва.

„Тие се многу важни фигури во нашата соблекувална, имаат силни личности и затоа се незаменливи во многу аспекти. Потребни се две или три години за да се заменат такви играчи, потребно е многу време и затоа е важно што ги задржавме. Среќен сум поради тоа. Помалку играчи на клупата е проблем. Кога имаш многу повреди, проблемот не е само денес, туку утре, за три-четири-пет натпревари“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани