Гвардиола избрал засилување од Милан, Манчестер сити ќе плати 40 милиони евра?

by Стефан
1 минути читање
Гвардиола

Раководството на Милан според последните информации донело одлука за продажба на 27-годишниот Тео Ернандез, а наводно Манчестер сити е расположен да го доведе во своите редови.

Договорот на Ернандез истакува во јуни наредната години и преговорите за продолжување на соработката со Милан пропаднаа и во овој момент не изгледа дека би биле обновени, тврдат медиумите во Италија.

Во таква ситуација летото кое следи е последна прилика за Милан нешто да заработи на него. Неговата вредност е помеѓу 35 и 40 милиони евра.

Покрај Манчестер сити, интерес за Ернандез покажал и Реал Мадрид кој ја следи ситуацијата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани