Актуелниот англиски шампион Манчестер Сити не застанува со засилувањата, а следна цел на „граѓаните“ е португалскиот репрезентативец Диого Кошта.
Иако Едерсон со години беше сигурен избор меѓу стативите, неговите настапи во минатата сезона не ги исполнија очекувањата на тренерот Пеп Гвардиола. Поради тоа, стручниот штаб сериозно размислува за освежување на голманската позиција и зголемување на конкуренцијата.
Според најавите, Сити е подготвен да ја активира откупната клаузула на Кошта, која изнесува 75 милиони евра, сума што клубот од „Етихад“ е спремен да ја инвестира во нов чувар на мрежата.
Диого Кошта моментално е еден од највредните голмани во Европа, а неговото евентуално пристигнување би означило почеток на нова ера меѓу стативите за тимот на Гвардиола.