Гвардиола избрал наследник на Де Брујн: Манчестер сити ќе плати 150 милиони евра?

by Стефан
1 минути читање

Малку се фудбалерите кои можат да го заменат Кевин Де Брујн, но во медиумите се најавува дека Пеп Гвардиола има еден кандидат.

Де Брујн овој јуни ќе наполни 34 години и во редовите на „граѓаните“ полека размислуваат за негов наследник. Освен години, договорот на Де Брујн истекува на крајот од сезоната и новиот се уште не е на повидок и прашање е дали ќе го има.

Според последните информации Гвардиола сака да го замени со одличниот фудбалер на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц. Германецот игра одлично во Бундеслигата, но проблем може да биде цената од 150 милиони евра која за него ја одреди Леверкузен.

Но, како што пренесува германскиот „Билд“, Манчестер сити нема да се откаже и ќе се обиде да дојде до неговиот потпис.

Сепак, треба да се знае дека претходно со името на Вирц на големо се поврзуваше и Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани