126
Манчестер Сити остана без голем трофеј оваа сезона, па тска тренерот Гвардиола сезоната ја смета за неуспешна. Иако англискиот гигант сè уште е во трка за титулата на Светското клупско првенство, шпанскиот стратег е јасен дека и евентуалниот триумф таму нема да ја „испере“ сивата слика.
„Ова не беше наша сезона. Дури ни освојувањето на Светското клупско првенство нема да ја промени реалноста. Ќе се бориме до самиот крај, но факт е дека не одигравме како што знаеме“, изјави Гвардиола.
За првпат по неколку сезони, Манчестер Сити останува без еден од големите пехари во Англија или Европа, нешто на што навивачите веќе не се навикнати.