Бернардо Силва со
месеци се поврзува со трансфер во Барселона, се говори дека Португалецот е
последното парче од сложувалката на Чави ова лето.
Сепак, Френки де
Јонг одбива да замине од Камп Ноу и „каталонците“ се мачат да приберат средства
за реализирање на зделката.
На пет дена до
крајот на преодниот рок, Пеп Гвардиола сега порача дека Бернардо Силва нема да
биде продаден.
„Бернардо Силва
останува во Манчестер Сити, нема преговори. Не сме добиле ниту еден повик од
ниту еден клуб, затоа ќе остане“ – рече тренерот на „граѓаните“ на денешната
прес конференција.
„Ви кажувам,
Барнардо Силва останува“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.