19-годишниот фудбалер кој во Сити пристигна од Палмеирас за сума од 27 милиони фунти, синоќа го имаше својот прв старт во Премиерлигата и импресионираше. Постигна еден гол, имаше и асистенција во победата од 4-0 на гостувањето кај Вест Хем.
„Никогаш не знаете. Тоа е како лубеница. Треба да ја отворите за да знаете дали е добра или не“ – Гвардиола направи необична споредба алудирајќи на тоа дека не знаеле како ќе се погоди новото засилување.
„Изгледа добро, млад е, но има силен менталитет“.
„Габриел Жесус е борец со инстикт за гол и знае да асистира. Против Кристал Палас имаше фантастична асистенција, против Вест Хем исто“.
„Тој има соништа кои сака да ги оствари во кариерата, сака да стане нешто во светскиот фудбал и ние ќе се обидеме да го извадиме тоа од него“.