Гвардиола го советувал Меси: Остани во Барселона!

by
1 минути читање

Пред да испрати
итен допис до Барселона и да побара да замине беспари, Лео Меси имал телефонски
разговор со Пеп Гвардиола. Аргентинецот го известил поранешниот тренер за желбата
да го напушти Камп Ноу и се распрашувал за можноста да направи трансфер во
Манчестер Сити.

Според пишувањата
на Мундо Депортиво, при тој разговор, Пеп Гвардиола го советувал дека е
најдобро да остане во Барселона поради економските потешкотии на зделката и да ја заврши кариерата на Камп Ноу. Ова е во
склоп на изјавите кои стратегот ги даваше во минатото, кога велеше дека сака
Лео Меси да се пензионира во дресот на „каталонците“.

Пеп Гвардиола изминативе
денови беше во Барселона, синоќа се врати во Манчестер, но нема информации
дали лице во лице се сретнал со Лео Меси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×