Предводникот на
Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го покани својот довчерашен ривал во
Премиерлигата, Френк Лампард кој денеска доби отказ од клупата на Челси, а тоа
би се случило веднаш штом запрат рестриктивните мерки за движење на Островот
поради пандемијата.
Од друга страна
пак, поддршка до Лампард упати и шефот на стручниот штаб на Лестер, Брендон
Роџерс кој подвлече дека Лампард не добил доволно време на клупата на „Сините“
од Лондон.
„Луѓето постојано
зборуваат за проекти и идеи, а тие не постојат, вам ви се потребни победи,
доколку истите ги немате, тогаш ќе ве заменат“ рече Гвардиола.
„Ја почитувам
одлуката на Челси, но истовремено се надевам дека за брзо повторно ќе го видам
Френк и ќе отидеме во некој ресторан веднаш штом завршат рестрикциите поради
пандемијата“ додаде предводникот на Манчестер Сити.
Шефот на
стручниот штаб на Лестер пак, Брендон Роџерс тврди дека Лампард заслужи повеќе
време на „Стемфорд Бриџ“ поради природата на составот, алудирајќи дека се
работи за нов проект на тој клуб.
„Навистина ми е
жал за него и целокупниот стручен штаб околу него, добро знам колку му значи
тој клуб, како и се’ што стори за тој клуб“ изјави Роџерс.
„Кога ќе
погледнам во таа екипа, тој состав, кога ќе увидам за колку млад состав станува
збор, адаптацијата на фудбалерите допрва доаѓа, тоа е тим кому му е потребно
време, а Лампард не го доби тоа“ додаде Роџерс.