Гвардиола би можел да работи во Серија А

by
1 минути читање

Феран Сориано беше дел од прес-конференцијата на која Сити Груп го претстави Палермо како нивен нов клуб.

Гвардиола во фудбалската кариера играше за Бреша и Рома, но како тренер работел само во три клуба, Барселона, Баерн Минхен и Серија А.

„Тој ме прашуваше дали е сончево во Палермо. Веројатно ќе работи тука еден ден“, изјави Сориано.

„Тој знае се што правиме ние и добро го знае италијанскиот фудбал. Како и останатите, тој е возбуден за овој договор“.

Сориано ги откри и амбициите на Палермо за следната сезона.

„Имаме буџет кој ќе ни дозволи да останеме во Серија Б и да имаме шанси да се пласираме во Серија А. Мора да сонуваме, мора да имаме амбиции, но да бидеме и скромни, паметни и трпеливи“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×