Гути жестоко го нападна Бензема: Не го разбирам, го изневерува Реал Мадрид…

by
1 минути читање

Реал Мадрид синоќа го доживеа првиот пораз во Ла Лига оваа сезона, „кралевите“ загубија на гостувањето кај Рајо Ваљекано и на Барселона и го препуштија првото место на табелата.

Избраниците на Карло Анчелоти одново мораа да се снаоѓаат без Карим Бензема, кој има ситна повреда.

Легендата на Реал Мадрид, Гути реши жестоко да го нападне Французинот, верува дека тој намерно одбива да стисне заби и да помогне бидејќи сака да биде максимално подготвен за мундијалот во Катар.

„Не го разбирам Бензема. Гледам дека Меси игра за ПСЖ, Левандовски игра за Барселона. Речиси сите фудбалери играат. Морате да го прифатите ризикот од повреда пред Светско првенство, не можете да го изневерите вашиот клуб“ – вели Гути.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×