Гундоган: Моите соиграчи се разочарани, но сакам да бидат уште поразочарани, полути, пофрустрирани…

by
1 минути читање

Гундоган во своето прво Класико даде гол, но тој не беше доволен за Барселона да победи, напротив, каталонците со 2-1 го загубија мечот од вечниот ривал.

По мечот тој изјави дека сака да види поголема лутина кај соиграчите од онаа која ја видел бидејќи тоа ќе роди реакција на следните натпревари.

„Можеби ќе звучам погрешно, но влегов во соблекувалната и се разбира играчите беа разочарани, но особено по ваков голем натпревар и по ваков резултат посакувам да видам поголема фрустрација, повеќе лутина и поголема разочараност. И тоа е проблем. Во соблекувалната има повеќе емоции, особено кога губите. Знаете дека може да играте подобро, да реагирате на теренот на следниот меч, мора да го направиме тоа во спротивно Реал Мадрид, па дури и Жирона ќе ни избегаат. Не дојдов тука да губам вакви натпревари кои креираат разлика на табелата. Тоа е одговорност и на играчите како мене, на поискусните, да не дозволиме тоа да се случува“, вели Гундоган.

×