Гундоган ја предупредил Барселона: Ако Реал Мадрид успее да го купи, готови сме…

by
1 минути читање

Летоска на „Бернабеу“
ќе пристигне младиот Ендрик, Бразилецот важи за еден од најперспективните фудбалери
во светот, а се очекува „кралевите“ да го донесат и Килијан Мбапе.

Реал Мадрид нема
да сопре тука, сака да ангажора уште неколку млади таленти и може да инвестира
околу 150 милиони евра за Лени Јоро од Лил и Франко Мастантуоно од Ривер Плата.

Но се кројат и планови
за настап на трансфер пазарат во 2025 година, и една од примарните цели е
Флоријан Вирц од Баер Леверкузен
, кој се најавува како наследник на Лука Модриќ и Тони Крос.

По тешката
повреда на коленото, Германецот оваа сезона блеска под водство на Чаби Алонсо и
потсети зошто важеше за еден од најдобрите во својата генерација.

Барселона исто
така го има Флоријан Вирц во својот бележник, но „каталонците“ немаат
финансиска моќ за еден ваков трансфер, кој сигурно ќе изнесува преку 100 милиони
евра.

Ова не му се
допаѓа на Илкај Гундоган, кој наводно на соиграчите им рекол: „Ако Реал Мадрид
го купи Вирц, готови сме…“

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×