870
Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман наскоро ќе стави потпис на договор со шпанскиот клуб до 2027 година.
Актуелниот договор на Гризман со Атлетико истекуваше по крајот на оваа сезона, па се шпекулираше дека кариерата ќе ја продолжи во МЛС од каде што имало неколку екипи кои се заинтересирани за него.
Сепак, последните информации велат дека постигнат е вербален договор меѓу Атлетико Мадрид и Гризман за продолжување на соработката.
Гризман ќе стави потпис на договор до 2027 година.