Гризман има еден услов за трансфер во Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Во последно време
често се пишува дека Антоан Гризман ќе биде големото летно засилување за „Црвените
Ѓаволи“.

Се говори дека
Манчестер јунајтед ќе ја плати откупната клаузула вредна 100 милиони евра, па
Атлетико Мадрид нема да може да стори ништо.

Најтрофејниот
клуб од Англија наводно веќе се договорил и со Антоан Гризман, играчот ќе
заработува 13 милиони евра по сезона.

Исто така,
Французинот ќе го добие и легендарниот број 7.

Но за да се
реализира трансферот, Антоан Гризман има еден услов, според пишувањето на „Д Сан“,
Манчестер јунајтед мора да настапува во Лигата на Шампионите.

Па доколку „Црвените
Ѓаволи“ не обезбедат настап во најелитното европско натпреварување, напаѓачот
нема да се пресели на Олд Трафорд.

Во моментов,
Манчестер јунајтед е надвор од топ четири, но има само еден бод негатива зад
Ливерпул и два зад Арсенал.

Жозе Мурињо исто
така ја има и опцијата преку триумф во Лига Европа да обезбеди настап во Лигата
на Шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани