Гринвуд може да го напушти Марсеј: Пристигнува понуда од 70 милиони евра

by Стефан
1 минути читање

Мејсон Гринвуд би можел да го напушти Мареј на крајот на оваа сезона.

Според последните информации, Пари Сен Жермен сака да го доведе во своите редови и се спремни да испратат понуда.

Од целата зделка би профитирал и Манчестер јунајтед кој има процент од продажбата на Гринвуд помеѓу 40% и 50%.

Наводно, Пари Сен Жермен би можел да понуди околу 70 милиони евра. Сезонава Гринвуд игра одлично и во дресот на Марсеј постигна 15 голови во сите натпреварувања. За Марсеј Гринвуд потпиша минатото лето за 30 милиони евра, нојунајтед договори и процент од следната продажба.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани