Гринвуд им се придржи на легендите Бест и Руни, Манчестер јунајтед само до бод против Вест Хем (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Ѓаволите“ киксираа против Вест Хем, одиграа само 1-1, но и ова може да им биде доволно за топ четири пласман и настап во Лигата на шампиони. Избраниците на Солшер сега не треба да изгубат на гостувањето кај Лестер во последното коло.

Вечерва на Олд Трафорд, „чеканите“ поведоа кон финишот на првиот дел откако Погба направи пенал а Антонио погоди од белата точка.

Манчестер јунајтед се врати во игра веќе на стартот од вториот дел, Гринвуд одлично комбинираше со Марсијал и биеше прецизно по земја за 1-1. Младиот Англичанец со овој гол им се придружи на легендите како Џорџ Бест, Брајан Кид и Вејн Руни, кои како тинејџери имале по 17 погодоци во една сезона.

До крјаот на натпреварот, двата тима имаа свои шанси за победа, но мрежите мируваа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×