Гринвуд го избрал новиот клуб, прави рекорден трансфер!

by Стефан
1 минути читање

Турскиот гигант Фенербахче е на чекор до комплетирање на трансферот на Мејсон Гринвуд од Марсеј. Клубот од Истанбул ќе плати сума од 42 милиони евра, додека за англискиот напаѓач е подготвен четиригодишен договор, со што ова би можело да стане едно од најголемите засилувања во историјата на турскиот фудбал.

Доколку трансферот се реализира, тоа ќе биде најскапата продажба во историјата на Марсеј. Досегашниот рекорд го држеше трансферот на Миши Батшуаји во Челси во 2016 година, вреден 39 милиони евра.

Интересно е што и Атлетико Мадрид и саудискиот Ал Ахли биле подготвени да платат повисоко обештетување од Фенербахче, но Гринвуд ја избрал Турција како следна дестинација во кариерата, што било пресудно за конечната одлука.

Поранешниот напаѓач на Манчестер јунајтед во Фенербахче би требало да заработува околу 10 милиони евра по сезона.

Гринвуд ја напушта Франција по две успешни сезони во дресот на Марсеј. На вкупно 81 натпревар во сите натпреварувања постигна 48 голови и запиша 17 асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×