Грилиш потпишува за друг клуб од Премиер лигата?

by Стефан
1 минути читање

Џек Грилиш летово ќе го напушти Манчестер сити, но не е исклучено да остане во Премиер лигата.

Според информации од Островот, интерес за англискиот репрезентативец покажал Њукасл, кој би сакал да го донесе на едногодишна позајмица.

Главен проблем за овој клуб ретставува огромната плата на Грилиш, која изнесува 300.000 фунти неделно, сума што Њукасл не е подготвен целосно да ја покрие. Поради тоа, клубот од Сент Џејмс Парк предлага договор за позајмица со делумно покривање на трошоците.

Дополнителна предност за Грилиш е можноста да игра во Лигата на шампионите и да се бори за пласман во топ 5 во Премиер лигата, нешто што би можело да го натера да прифати ваков потег.

Тренерот Пеп Гвардиола од поодамна не смета на услугите на Грилиш, кој веќе подолго време е на трансфер листата.Се спомнуваше и интерес од Наполи, но Италијанците досега не направија конкретен чекор.

Грилиш пристигна во Сити во летото 2021 за рекордни 117 милиони евра и одигра 157 натпревари во кои постигна 17 гола и додаде 23 асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани