Грчката полиција: Мегваер го третиравме како и секој друг пијан Британец

by
1 минути читање

Во интервју за Би-Би-Си, Мегваер рече дека двајца Албанци и ставиле дрога за силување на неговата сестра и тоа било причината за почнување на тепачката по која беше уапсен.

Но од полицијата тврдат дека фудбалерот во ниту еден момент кај нив не споменал такво нешто.

„Немаше ништо споменато за Албанците или пак за сестра му“, вели еден од полицајците.

Немаше такво нешто. А ние не го третиравме поразлично од било кој друг пијан Британец“.

„Секогаш кога ќе ја отвори устата лаже. Тој беше само еден пијан дечко кој се тепаше. Се справуваме со многу такви“.

„Но секогаш кога тој ќе каже нешто, ја испревртува приказната. Зошто осумте полицајци околу него да не се идентификувале, зарем ние би сакале да ја загубиме работата?“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×