Грчкиот газда поради ЛШ се откажа од контрола на Нотингем Форест!

by 24 фудбал
1 минути читање

Газдата на Нотингем Форест, Евангелос Маринакис, ја намали својата контрола врз клубот поради правилата на УЕФА за мултивласништво. Тој освен англискиот клуб, е сопственик и на грчкиот Олимпијакос и португалскиот Рио Аве.

Документи поднесени во британскиот регистар покажуваат дека Маринакис формално повеќе не е „лице со значајна контрола“ врз компанијата што го поседува Нотингем. Овој потег доаѓа бидејќи и Форест и Олимпијакос се во игра за пласман во Лигата на шампионите, а УЕФА забранува два клуба со ист сопственик да настапуваат во исто европско натпреварување.

Иако акциите се префрлени во независен фонд, од клубот велат дека Маринакис останува сопственик и е целосно посветен на Форест. Промените се направени навреме, според роковите на УЕФА (до крајот на април), за да се избегне конфликт на интереси. Со неговото повлекување, Сократис Коминакис се враќа во управниот одбор на клубот.

Нотингем Форест моментално е 6-ти во Премиер лигата со 60 бода – исто колку и 5-пласираниот Челси, но со натпревар помалку. Олимпијакос пак е лидер во Грција и сигурен патник во ЛШ.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани