Градоначалничката на Париз за случајот на Мбапе: Не разбирам што сака да постигне ПСЖ!

by
1 минути читање

Секое лето се случува сапуница околу Килијан Мбапе, овојпат ПСЖ сака да го продаде поради тоа што фудбалерот не потпишува нов договор, но тој сака да го испочитува договорот до крај па да замине како слободен играч во Реал Мадрид.

ПСЖ го издигна Мбапе да биде поголем од клубот, откако лани претседатели на две држави го молеа да остане, а сега Ал Келаифи вели дека никој не е поголем од клубот.

ПСЖ реши да го отстрани Мбапе од првиот тим, тој тренира сам со уште неколку фудбалери кои треба да заминат. 

Францускиот клуб е решен да не го игра Мбапе следната сезона доколку тој одбие да биде продаден и инсистира да го доработи договорот до крај.

Дека Мбапе е издигнат повисоко од клубот, доказ е тоа што повторно и политичари го коментираат случајот.

Свој коментар имаше и градоначалничката на Париз, Ане Хидалго која според одговорите се чини и дека не е многу упатена.

„Не разбирам што се обидува ПСЖ да направи. Килијан Мбапе е најдобриот играч во светот. Морам да кажам дека не ги разбирам ништо“, Хидалго ја коментира одлуката на клубот да го отстрани фудбалерот од првиот тим.

„Килијан е исклучителен фудбалер и треба да го задржиме во Париз. Мислам дека исто и негова желба е да остане што е можно подолго. Прашањето е: што се обидува да направи ПСЖ?“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани