Грабеж на годината: Мбапе сака да остане во ПСЖ уште една сезона, да заработи 150 милиони и беспари да се пресели во Реал

by
1 минути читање

Синоќа се појави
информација за ултиматум од Катар до Килијан Мбапе, напаѓачот треба да стави
потпис на нов договор или ќе биде продаден ова лето. Кратко потоа беше објавено
дека Емирот на Катар и Флорентино Перез договориле трансфер во Реал Мадрид
вреден 200+50 милиони евра.

Но како што
пренесува Марка, Килијан Мбапе има други планови кои се мотивирани од парите.

Весникот вели
дека напаѓачот има загарантирани 150 милиони евра на име на плата и бонуси
доколку ја одработи сезоната 2023/24 во ПСЖ, идејата е да се соберат овие пари,
и потоа како слободен играч тој да се пресели на „Бернабеу“, каде ќе добие убав
бонус од 100-125 милиони евра.

Доколку Килијан
Мбапе направи трансфер од 200 милиони евра, не само што нема да ги инкасира
овие 150 милиони евра од ПСЖ, нема да ги добие ниту тие 100-125 милиони евра од
Реал Мадрид, со оглед на тоа дека тие пари се наменети како награда за тоа што
доаѓа без да биде платено обесштетување.

Па сега трите
страни ќе треба да најдат некаков компромис доколку сакаат зделката да се случи
ова лето.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани