Готово: Вирц го избрал новиот клуб!

by Стефан
1 минути читање

Според последните информации, Флоријан Вирц, кариерата ќе ја продолжи во редовите на Ливерпул.

Дел од најпознатите медиуми во Германија известуваат дека, Леверкузен ќе ја прифати последната понуда која била испратена од Ливерпул во износ од 150 милиони евра.

Првично, англискиот гигант понудил 100 милиони евра плус бонуси, потоа 118 милиони евра во фиксен износ со дополнителни 12 милиони преку бонуси, но „аптекарите“ од Леверкузен ги одбиле и двете понуди.

Сепак, најновата понуда вредна 150 милиони евра ја задоволила германската страна, а Вирц веќе следната недела треба да ги мине медицинските прегледи во Ливерпул и да стане новата ѕвезда на тимот од „Енфилд роуд“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани