Готово: Милан го договори Жоао Феликс!

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Милан постигна договор за позајмица на Жоао Феликс кој ќе пристигне во Милано до крајот на денот.

Челси и Милан се договорија италијанскиот клуб да ја преземе платата на Португалецот во висина од пет милиони фунти, а во договорот ќе нема опција за откуп на крајот од сезоната.

Феликс веќе ги помина и медицинските прегледи и наскоро се очекува се да биде официјализирано.

Низ кариерата Португалецот настапуваше за Бенфика, Атлетико Мадрид и Барселона, додека во младинските категории беше дел од Порто и Педроенсе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани