202
Според Фабрицио Романо, двата клуба денеска постигнале договор за трансферот кој ќе изнесува 52,5 милиони фунти.
Личните услови на Кукуреља за трансферот во Челси веќе беа договорени. Тој ќе потпише шестгодишен договор, со трајност до јуни 2028 година.
Во спротивен правец, од Челси во Брајтон ќе замине Леви Колвил, но тој ќе биде како посебен трансфер.
Во договорот на Колвил, Челси ќе има клаузула со која за одредена сума ќе може повторно да го врати во клубот.