Готово: Де Јонг донел конечна одлука за својата иднина

by Стефан
1 минути читање

Френки Де Јонг донел одлука да потпише нов договор и да остане во редовите на Барселона уште долги години.

Оваа информација вечерва ја објави Фернандо Поло, еден од новинарите кои важат за добро упатени со случувањата во Каталонија. Холанѓанецот наводно конечно е спремен да го одговори на понудата која Барселона му ја достави пред неколку недели.

Под водство на Ханс Флик, Де Јонг се чувствува подобро од претходните години и бидејќи физички се опорави и се врати во форма спремен е да се бори за местото стартер.

Сепак, тој сигурно ќе мора да прифати намалување на платата бидејќи на сила има договор од 2020 година кога Хозе Марија Бартомеу го направи еден од најплатените фудбалери во Шпанија.

Де Јонг во овој момент е еден од убедливо најплатените во соблекувалната на Барселона и сегашниот договор му истекува летото 2026 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани