Барселона го договори трансферот на шведскиот офанзивец Руни Бардги (19) од редовите на Копенхаген, објави реномираниот новинар Фабрицио Романо, потврдувајќи дека зделката е целосно завршена.
Каталонскиот гигант ќе плати фиксна сума од два милиони евра плус бонуси и клазула за продажба. Договорот според информациите е веќе потпишан и повеќе нема дилеми.
Присигнувањето на фудбалерот е закажано за следната недела, а се наведува дека Барселона успеала да го обезбеди потписот на Бардги пред повеќе од 10 други заинтересирани клубови.
Бардги веќе три години е дел од сениорскиот состав на Копенхаген, каде што беше промовиран од младинската екипа.
Сѐ уште нема дебитирано за сениорската репрезентација на Шведска, но настапува за селекцијата до 21 година, за која од 2022 годинаодигрра девет натпревари. Според последните проценки, неговата пазарна вредност изнесува околу 7,5 милиони евра.