Барселона добива нов чувар на мрежата , Жоан Гарсија ќе биде новото засилување на „Камп Ноу“, откако каталонскиот гигант постигна целосен договор за негов трансфер од градскиот ривал Еспањол.
Клаузулата за ослободување во висина од 25 милиони евра ќе биде активирана наредната недела, со што Барса ќе го комплетира ангажманот на младиот голман кој претходно ја прифати понудата на клубот.
Гарсија, кој важи за еден од најперспективните шпански голмани, ќе потпише договор на пет години со Барселона. Формалностите ќе бидат завршени во деновите што следат, а потоа ќе следи и официјалната промоција.
Според најавите Гарсија би може да ја дели минутажата со Војчех Шчесни кој потврди дека ќе остане во Барселона и наредната сезона, а се шпекулира за заминување Тер Штеген.