Готово: Алонсо донел одлука за Модриќ!

by Стефан
1 минути читање

Изгледа дека дилемата околу иднината на Лука Модриќ во дресот на Реал Мадрид решена и хрватскиот маестро најверојатно останува уште една сезона на „Сантијаго Бернабеу“.

Иако многумина очекуваа дека ова ќе биде последната година на Модриќ во „кралскиот“ клуб, особено по најавата за заминување на Карло Анчелоти и фактот дека Модриќ наскоро ќе наполни 40 години, сепак, работите добиваат нов тек.

Како што пренесува шпанска „Марка“, Чаби Алонсо, кој е речиси сигурен наследник на Анчелоти, веќе му ја отворил вратата на Модриќ и сака да го има во составот за следната сезона. Ветеранот има договор до јуни, но се очекува да прифати продолжување на соработката за уште една година, пракса која клубот редовно ја применува со поискусните играчи.

И покрај годините, Модриќ и оваа сезона беше еден од најважните во тимот и настапи на 55 натпревари, постигна четири погодоци и подели девет асистенции.

Фото: Real Madrid C.F/FB

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани